Силен земјотрес во Турција

Повторно се стресе Турција.

Силен земјотрес од 5.5 степени според Рихтер попладнево ја погоди Турција. Земјотресот е со епицентар на 11 километри југозападно од Малатија. Потресот бил на длабочина од 1 километар.

Луѓе излегоа на улиците.

Инаку, претходно, земјотрес со јачина од 4.8 степени кој го стресе Кипар, го почувствуваа и жители на Турција.

Во февруари годинава над 50.000 луѓе загинаа во земјотресите во Турција.