СЗО свика итен состанок поради една од најсмртоносните инфекции во Африка

Избувнувањето на вирусот Марбург една од најсмртоносните инфекции во Африка е причина СЗО да свика состанок. СЗО собра експерти од целиот свет за да разговараат за тоа како да се забрза развојот на вакцини и лекови против вирусот.

Тоа е  неизлечива болест која има стапка на смртност и до 88 проценти. Се смета за поопасна од еболата.Од неа починаа девет луѓе во Екваторијална Гвинеја во првата епидемија во таа централноафриканска држава.

Меѓународните агенции за помош побрзаа да распоредат тимови на теренот во провинцијата Киентем во земјата за да ја спречат појавата. Соседните Камерун и Габон, исто така, го ограничија движењето преку нивните граници поради загриженост за инфекцијата.