Се урна двокатна зграда во Египет, загинаа три деца

Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку три деца, јавуваат тамошните медиуми.

Досега, според информациите, спасувачите извлекле најмалку деветмина повредени од урнатините на двокатната зграда во провинцијата Бени Суеф, на југот на земјата. И меѓу повредените имадеца.

Причината за уривањето на зградата е непозната.