Се удави тригодишно дете во базен во Пула

Полицијата во Пула вчера околу 15 часот добила пријава дека итната медицинска помош му помага на детето кое паднало во базен во дворот од куќа на Медулинска цеста во Пула.

И покрај напорите на лекарите, детето починало. Наредена е обдукција и истрагата е во тек.

Хоророт наводно се случил на роденденска забава.

Како што неофицијално дознава Глас Истра, трагедијата се случила за време на роденденска прослава.

Момчето си играло со други деца, а само еден момент на невнимание бил доволен да предизвика трагедија.