
Се судрија два противпожарни хеликоптери – три лица загинаа
Најмалку три лица загинаа по судир на два хеликоптери во воздух при гаснење на шумски пожар во американската сојузна држава Калифорнија, јавува Anadolu.
Еден од водачите на Противпожарната служба во Калифорнија, Дејвид Фулчер, изјави дека несреќата се случила во округот Риверсајд на југот на таа американска држава.
Фулчер рече дека еден хеликоптер слетал успешно по судирот, додека другиот се урнал.
Во несреќата животот го загубија пилотот и двајцата пожарникари кои се наоѓале во хеликоптерот кој се урна.
Фулчер изјави и дека хеликоптерската несреќа предизвикала нов пожар во кој изгореле повеќе од 1,6 хектари шума, а пожарникарите по неколкучасовна борба успеале да го изгаснат пожарот.