Серхио Агуеро стави крај на фудбалската кариера

Напаѓачот на Барселона, Серхио Кун Агуеро (33) стави крај на фудбалска кариера поради здравствени проблеми.

„Одлучив да престанам да играм професионален фудбал. Одлуката ја донесов поради своето здравје, поради проблемите кои ги имав пред месец и половина. Бев во добри раце на лекарскиот тим и тие ме советуваа да престнам да играм фудбал. Одлуката ја донесов пред десетина дена. Направив сè што беше во мој моќ да задржам барем и најмала надеж, но не одеше. Горд сум на мојата кариера и среќен за тоа што го постигнав“ рече изјави Агуеро денеска на прес-конференција.

Тој се заблагодари на сите клубови каде што настапувал.

„Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми помогнаа во Атлетико Мадрид, каде дојдов на 18-годишна возраст, на луѓето во Сити, кои знаат колку многу ми значат. Дадов сè од себе и одлично бев примен, а им благодарам на сите во Барселона, кои се неверојатни. Без сомнение се еден од најдобрите клубови во светот. Благодарност и до аргентинската репрезентација, која најмногу ја сакам“ – рече Агуеро.

Аргентинецот зенитот го имаше во Манчестер Сити, каде постигна 184 голови на 275 натпревари во Премиерлигата.