Светскиот океан во 2022 година најтопол во историјата на мерењата

Во 2022 година, Светскиот океан бил најтопол во снимената историја, покажува најновата студија на американската Национална океанска и атмосферска администрација, додавајќи дека тоа го покажува огромното влијание на емисиите на штетни гасови произведени од човековата активност врз климата, пишува Гардијан.

Се наведува дека повеќе од 90 проценти од сите штетни емисии на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина се апсорбираат во океаните.

Студијата вели дека океаните апсорбирале околу 10 зетаџули повеќе топлина во 2022 година отколку во 2021 година, што е еквивалентно на секој човек на Земјата да користи 40 фена за коса секој ден.