
Владата на Македонија го именува Сашо Клековски за Директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) со полн четиригодишен мандат, потврдувајќи го неговиот досегашен ангажман во периодот како вршител на должност.
Во својата објава на Фејсбук, Клековски нагласува дека именувањето претставува голема чест, но и уште поголема одговорност. Тој посочува дека заедно со новоименуваниот заменик-директор, Седат Бислими, ќе го водат ФЗО како важен столб на здравствениот систем во земјата.
„Им благодарам на Владата, Премиерот Христијан Мицкоски, Министерот за здравство и Управниот одбор на Фондот за довербата и на сите Вас за поддршката! Продолжувам посветено да работам на унапредување на здравствениот систем. Пред нас е период на многу работа, силно темпо и видливи реформи“, истакнува Клековски.