Саборот на СПЦ ќе расправа за признавањето на МПЦ од вселенскиот патријарх

Според информациите што ги пренесува српски „Блиц“, саборот на Српската православна црква (СПЦ), кој почнува на 15. овој месец ќе расправа за одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој ја призна Македонската православна црква како „Охридска архиепископија“ и има индиции дека владиците ќе одобрат таа повеќе да не се третира како „расколничка”.

„Дали тоа „канонско единство“ подразбира автокефалност засега е неизвесно, но она што е сигурно е дека постои можност да се реши спорот, кој датира од 1967 година, кога „таканаречената Македонска православна црква се оддели од СПЦ“. На таа одлука, доколку Соборот на СПЦ се согласи и претходеа обновени разговори меѓу српскиот патријарх Порфириј и претставници на МПЦ, предводени од владиката Стефан, кои се одржаа на преговарачката маса во Ниш во најголема тајност“ – пишува „Блиц“.

Досега никој од великодостојниците на СПЦ се нема огласено во врска со признавањето на МПЦ.

На самиот Собор сите владици ќе имаат можност да видат што договорила делегацијата на СПЦ со претставниците на МПЦ.

Македонските медиуми наведуваат дека одлуката на Вселенската патријаршија не значи дека непризнаената Македонска црква добила автокефалност, со која официјално се регулира меѓународното име и статус на црквата, туку претставува најава дека верниците и свештениците кои припаѓаат на таа црква не се во раскол и може да служат заедно со свештениците од другите помесни цркви.