Руски специјалци поставиле експлозив, се тресеше гасоводот во Доњецк и Луганск

Воената разузнавачка служба на Украина објави дека располага со информации оти руски специјалци поставиле експлозив во голем број инфраструктурни објекти во Доњецк контролирани од проруските сили.

„Ваквите потези имаат за цел да ја дестабилизираат ситуацијата на привремено окупираните територии на нашата земја и да создадат основа за обвинување на Украина за терористички напади“ -објави украинската воена разузнавачка служба на својот официјален профил на Твитер.

Службата ги повика жителите на Доњецк да не ги напуштаат своите домови и да не користат јавен превоз.

Експлозија одекна на меѓународен нафтовод кој минува низ клучниот град под контрола на бунтовниците во источна Украина, јавија руските медиуми.

Експлозијата го потресе гасоводот „Дружба“ во сепаратистичкиот град Луганск.

Инцидентот се случил синоќа, во момент на зајакнати тензии во регионот каде се зголемуваат стравувањата дека Русија можеби се подготвува да ја нападне Украина. Гасоводот „Дружба“ минува од Русија до различни точки во источна и централна Европа.