
Руските олигарси се најголемите финансиски губитници од војната во Украина и санкциите на западните земји кон Русија
Руските олигарси се најголемите финансиски губитници од војната во Украина и санкциите на западните земји кон Русија.Тие изгубиле 95 милијарди долари во 2022,според британски Гардијан повикувајќи се на податоци од индексот на милијардери на Блумберг.Војната во Украина ги чини 330 милиони долари дневно.
Како резултат на инвазијата на Русија во Украина намалено е и богатсвото на Роман Абрамович.Неговото богатство е намалено за 57 отсто.На крајот на минатата година изнесува 7,8 милијарди долари пренесува ТРТ.
Намалено е богатсвото и на Тимчено, близок пријател на Путин и руски енергетски инвеститор.Според Блумберг,неговото богатсво се намалило за 48 отсто,и изнесува 11,8 милијарди долари.
Керимов,сопственик на компанија за производтво на злато,располага со богатство од 9 милијарди долари.Тоа е 41 отсто помалку од она што го поседувал пред западните земји да воведат санкции.
За разлика од нив,Мордашов располага со 18,6 милијарди долари.Тој е на петтото место според штетата од санкциите.Тој е во загуба 36 отсто од богатсвото односно 10,2 милијарди долари.Алексеј Мордашов е главенакционер на најголемата руска компанија за челик и рударство.
Владата на Велика Британија замрзна имот на руски олигарси со вредност од над 18 милијарди фунти.Санкциите опфакаат 1.272 лице.Вредноста на имотот опфатен со санкциите е за 6 милијарди поголем од имотот кој се чува во Велика Британија според санкциите за останатите режими.