Русија ослободи 22 украински затвореници

Денес Украина објави фотографии од воени заробеници кои ги ослободи Русија, меѓу кои има и повредени.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак соопшти дека од заробеништво се вратени 22 украински војници.

Тој додаде дека меѓу припадниците на украинските вооружени сили, меѓу кои и двајца офицери и подофицери, има и ранети, пренесува Гардијан.