Русија одреди кои се условите за инвазијата да запре!

„Руските вооружени сили онеспособија 83 украински копнени воени инфраструктурни објекти, уништија четири авиони и едно беспилотно летало“.

„Москва е подготвена да преговара со Украина, но само доколку фокусот е на `гаранциите на неутрален статус` и `ветување дека нема да има оружје на украинска територија`“. Ова го изјави портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков како услов за прекин на офанзивата и можност за договор на реалција Путин – Зеленски.

Инаку, Русија соопшти дека нејзината војска ги постигнала целите поставени за првиот ден од инвазијата врз Украина, откако го започна нападот, и покрај предупредувањата за опсежни западни санкции.

„Сите задачи што им беа доделени на вооружените сили на Руската Федерација за овој ден беа успешно завршени“ – рече портпаролот на Министерството за одбрана – Игор Конашенков.

Тој соопшти дека „од почетокот на специјалната операција, руските вооружени сили онеспособија 83 украински копнени воени инфраструктурни објекти, уништија четири авиони и едно беспилотно летало. Вкупно, како резултат на ударите на руските вооружени сили, онеспособени се 83 копнени објекти на воената инфраструктура на Украина. Од почетокот на специјалната воена операција, беа соборени два Су-27, два Су-24, еден хеликоптер и четири јуришни беспилотни летала Bayraktar TB-2 на Вооружените сили на Украина“.