Бајден: Путин ќе биде отфрлен на меѓународната сцена!

„Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде отфрлен на меѓународната сцена по инвазијата на неговата земја врз Украина“. Ова го нагласи американскиот претседател Џо Бајден, откривајќи дека „нема планови“ да разговара со него. Бајден во обраќањето од Белата куќа најави нови санкции за Москва.

„Руската инвазија никогаш не беше за вистинска загриженост за безбедноста од нивна страна. Секогаш се работеше за гола агресија, за желбата на Путин за империја, на кој било начин“ – рече Бајден.

Тој објави денеска дека групата Г7 се согласила да воведе „разорни“ економски санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина.

„Утрово се сретнав со колегите од Г7 за да разговараме за неоправданиот напад на претседателот Путин врз Украина и се согласивме да продолжиме со разорните пакети санкции и други економски мерки за да ја повикаме Русија на одговорност. Ние стоиме со храбриот народ на Украина“ – рече Бајден.