Русија извршила над 200 напади и онеспособила 74 копнени воени објекти

Полицијата во Украина попладнево соопшти дека Русија од почетокот на денот извршила 203 напади и дека борбите се водат на речиси цела украинска територија. Граничната полиција, пак, соопшти дека украинската војска се бори со руските сили во близина на источниот град Суми.

Руските официјални информации, пак, покажуваат дека земјата онеспособила 74 копнени воени инфраструктурни објекти во Украина. Ова денеска го изјави портпаролот на Министерството за одбрана – генерал-мајор Игор Конашенков.

„Овој број вклучува 11 аеродроми, три командни пунктови, украинската поморска база, како и 18 радарски станици за противвоздушни ракетни системи С-300 и БУК М-1“ – рече Конашенков.