Нафтата на светскиот пазар скокна до 105 долари за барел

Инвазијата на Русија врз Украина предизвика цената на нафтата на меѓународните пазари да скокне на 105 долари што предизвика загриженост за снабдувањето со овој енергенс.

Цената за барел нафта на лондонскиот пазар скокна за 8,15 долари во однос на претходното затворање, на 104,99 долари и накратко дојде и до 105,79 долари.

На американскиот пазар нафтата се тргуваше за 7,33 долари за барел, по 99,43 долари.

Русија рано утринава почна инвазија врз Украина по копно, воздух и море, што е најголемиот напад на една европска земја врз друга од Втората светска војна.

САД и Европа најавија најстроги санкции против Русија.

„Доколку санкциите ги опфатат платежните трансакции, руските банки, а можеби и осигурувањето на испораките на руска нафта и гас, не може да се исклучат прекини во снабдувањето“ изјави аналитичарот на Комерцбанк – Карстен Фрич.