Рокас: Изборниот законик е добар, партиите да постигнат консензус
За заглавените измени на Изборниот законик кои се важен дел од реформскиот пакет, евроамбасадорот Михалис Рокас вели се уште има дискусија за него и дека потребен е консензус меѓу партиите. Според Рокас, законот сам по себе е добар.

-ОДИХР и ЕК дадоа позитивна оценка, но она што преостана се модалитетите. Јас разбирам дека има несогласувања кога се работи за овие модалитети, но чувствувам дека има добра волја тоа да се надмине. Парламентарната комисија за ИЗ веќе работи и се надевам дека партиите за толку важна работа ќе бидат во можност да седнат и да постигнат консензус за ова сензитивно прашање. Основите на законот и самиот закон се навистина добри, рече Рокас при промоција на нова воена опрема во касарна „Илинден“.
Измените на Изборниот законик се заглавени. Спорно е електронското гласање на дијаспората. Власта ја повика опозицијата да се согласи на конструктивна дебата наместо на парламентарна опструкција, зашто Изборниот законик е дел од реформските обврски на Македонија. СДСМ обвини за обид за изборна кражба на гласови.