
Радев како Орбан, ќе ги блокира санкциите на ЕУ за Русија
„Што се однесува до тоа дали сум подготвен да изразам резерви за 21-от пакет – не дека сум подготвен, ќе го направам тоа. Едноставно и јасно. Бидејќи ги штитам и поддржувам бугарските национални интереси“, рече Румен Радев, а неговите зборови беа поздравени со аплауз во пленарната сала.
Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека изразува резерви за 21-от пакет санкции од страна на Европската Унија против Русија, одговарајќи на пратеничко прашање за тоа дали е подготвен да го блокира следниот европски пакет санкции, јави БТА.
„Што се однесува до тоа дали сум подготвен да изразам резерви за 21-от пакет – не дека сум подготвен, ќе го направам тоа. Едноставно и јасно. Бидејќи ги штитам и поддржувам бугарските национални интереси“, рече Румен Радев, а неговите зборови беа поздравени со аплауз во пленарната сала.
Во врска со можните санкции против рускиот патријарх Кирил, премиерот коментираше дека воопшто не е заинтересиран за личноста на рускиот патријарх, но тој е поглавар на Руската православна црква, пренесе бугарската агенција БТА.