
Албанскиот премиер Еди Рама рече дека косовскиот премиер Албин Курти е „тврдоглав и максималист“.
Тој предупреди дека можностите како што е француско-германскиот план „не остануваат на маса засекогаш“.
„Тој е тврдоглав и максималист. Има фантастична можност, француско-германскиот план, а таквите договори не остануваат вечно на маса. Тогаш историјата ве тера да чекате“, изјави Рама во интервју за италијанска Стампа.
Тој додаде дека на местото на Курти „тој би направил сосема поинакви избори“.
На прашањето дали е загрижен дека може да има нови конфликти на Балканот, Рама рече дека има многу причини за загриженост, но исто така посочи дека „до пред 10 години беше незамисливо балканските лидери да седнат на иста маса. “.
„Никој не може да го вознемири Балканот ако не му дадеме шанса. Ситуацијата на српското малцинство на северот на Косово и Метохија може да биде „мал Донбас“. Но, сè зависи од нас“, рече Рама.