
Претседателот на Русија Владимир Путин денеска изјави дека Русија чекор по чекор, доследно и внимателно ќе ги решава задачите пред себе кога станува збор за „специјалната воена операција“ во Украина.
Путин во своето обраќање пред Сојузното собрание рече дека Русија направила се за да ги реши проблемите во Донбас со мирни средства, но дека зад нејзиниот грб се подготвува поинакво сценарио.
Како што рече, Русија искрено се стреми кон мир, а застапувањето на Западот за мир беше лажно.