ПСЖ до Мбапе: Ако си одиш бесплатно ќе мора сите вработени да ги избркаме!

Нови моменти поврзани со Килијан Мбапе и ПСЖ.

Францускиот фудбалер е актуелна тема годинава, а богатите парижани почнаа со плачките и порака кон Мбапе дека неговото заминување како слободен играч идното лето ќе предизвикало неверојатна катаклизма во клубот од „Паркот на принцовите“.

ПСЖ цела деценија се расфрла со пари, вложени се над 1 милијарда евра за фудбалери, а сега на Мбапе кој стои на ставот да остане по секоја цена во клубот и во оваа сезона, му порачале дека такво нешто ќе го доведе клубот да ги избрка сите вработени.

Поради големиот бонус од 90 милиони евра за лојалност, плус 60 милиони евра плата за новата сезона, Мбапе прескапо ќе го чини ПСЖ, па шеикот Ал Келаифи на фудбалерот му соопштил дека ваквиот негов однос ќе предизвика неверојатна штета, зашто парите што ќе мора да му ги дадат, ќе го поткопа финансискиот фер-плеј и поради таа исплата ќе мора ем да продадат неколку големи ѕвезди, ем ќе морало да избркаат најголем дел од вработените во клубот.

ПСЖ стои цврсто на ставот Мбапе да не е дел од првиот тим ако остане и цела година да биде на трибини, а Французинот е решителен да си ги земе парите според договорот што ланското лето го потпиша и идното да си оди бесплатно во Реал Мадрид.