Експерти од САД сметаат дека опаѓа борбената моќ на руските трупи во Украина, 90 отсто под нивото пред почетокот на инвазијата.
Високопоставен официјален претставник на американската армија посочува на големи загуби во техника и растечки број жртви кај руската армија, која за инвазијата ангажирала повеќе од 150.000 војници.
„За првпат тие би можеле да бидат нешто помалку од 90 отсто. Речиси еден месец од почетокот на војната руските трупи не успеаја да заземат ниту еден поголем град, а украинските сили го запреа нивното напредување на речиси сите фронтови. Наместо тоа, Москва се сврте кон бомбардирање на градовите со артилерија и проектили“ – пренесуваат медиумите изјава на претставникот на Пентагон кој инсистирал на анонимност.
Руската страна ги отфрла тврдењата дека на мета се цивилни објекти и населението.
Најинтензивините напади руските сили ги насочија кон градот Мариупол, во југоисточниот дел на земјата.
Американскиот армиски претставник вели дека руски поморски сили последните 24 часа најверојатно почнале и со напади врз градот со оган од бродови лоцирани во Азовското Море.