Продолжуваат протестите против пензиската реформа во Франција

Француските синдикати повторно повикаа на протести во целата земја против пензиските реформи на претседателот Емануел Макрон. Се очекува да учествуваат меѓу 400 и 600 илјади луѓе. Планирано е да се ангажираат 11.500 полицајци, од кои 4.200 само во Париз.

В петок Уставниот совет треба да ја соопшти одлуката по разгледувањето на предлогот за реформи. Може делумно или целосно да ја поништи пензиската реформа или да ја прогласи за уставна. Протестите се насочени против постепеното зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Тие се интензивираа бидејќи владата го протурка текстот во Националното собрание без гласање.