
Британскиот принц Хари изјави дека тврдењата дека се фалел дека убил 25 талибански борци додека бил на должност во Авганистан во новообјавените мемоари се „опасна лага“, објави денеска Би-би-си.
Хари во изјава за американската телевизија ги обвини новинарите дека ги извадиле неговите зборови од контекст, наведувајќи дека спинот му се заканувал на неговото семејство.
Принцот Хари истакна дека сака да го намали бројот на самоубиства на ветераните, да биде искрен за сопственото искуство во Авганистан и да им даде простор на ветераните да ги споделат своите искуства „без никаков срам“.