Претседателот Радев му го врачи мандатот на Петков за состав на нова Влада на Бугарија

Претседателот на Бугарија – Румен Радев денеска му го врачи мандатот за формирање на нова бугарска Влада на Кирил Петков, копретседател на победничката партија на изборите од 14 ноември „Промените продолжуваат“. Радев притоа му посака успешен мандат во слободна, европска и просперитетна Бугарија.

Петков, пак, изјави дека е почестен што ја презема папката со мандатот за формирање влада. Заедно со него беше и вториот копретседател на „Промените продолжуваат“ – Асен Василев, но и кандидатот за вицепремиер – Калина Константинова и претседателот на пратеничката група – Андреј Ѓуров.