Премиерот на Романија направил плагијат од докторската дисертација?

Премиерот на Романија, Николае Чука е обвинет дека направил плагијат на една третина од својата докторска дисертација, јавија дел од тамошните медиуми.

Информациите од Романија се дека најмалку 42 од 138 страници во документот се плагијат. Наводите се дека освен тоа што Чука го плагирал текстот од други автори, туку и се обидел со разни техники да го сокрие плагијатот.

Чука ги отфрли обвинувањата и рече дека неговиот докторат бил напишан во согласност со сите законски барања.