Пратениците барале од францускиот амбасадор Париз да ни ја олесни комуникацијата со Софија

Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија остварила средба со Кристоф ле Риголер, амбасадор на Франција во Македонија и притоа побарала Париз да посредува за олеснување на комуникацијата и конечна деблокада на релација Скопје – Софија. Како што рече првиот човек на Комисијата, Муса Џафери, единственото решение за земјата е интеграција во ЕУ и не постои друга алтернатива затоа што припаѓаме на Европа и сме членки на НАТО.

Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија остварила средба со Кристоф ле Риголер, амбасадор на Франција во Македонија и притоа побарала Париз да посредува за олеснување на комуникацијата и конечна деблокада на релација Скопје – Софија. Како што рече првиот човек на Комисијата, Муса Џафери, единственото решение за земјата е интеграција во ЕУ и не постои друга алтернатива затоа што припаѓаме на Европа и сме членки на НАТО.

-Францускиот амбасадор истакна дека проширувањето е комплицирана тема, но постои отворен прозорец и Западен Балкан треба да го искористи моментот. Евроинтегративниот процес е долг, со различни етапи, затоа апсолутни гаранции не може да има, а на крајот мора да следи и ратификација од сите земји членки на ЕУ. Најдобра гаранција е двете земји да можат да се договорат со помош на други држави или институции. Франција, како и други земји членки, е расположена да помогне и да даде свој политички ангажман за олеснување на преговорите. Сепак, мора да постои политички договор за деблокада, а за тоа е потребна добра волја и мал политички ризик од двете страни. Во оваа насока, ги упати и пратениците од двете земји со меѓусебни средби и разговори да придонесат кон враќање на довербатам, а во меѓувреме, земјата мора да се продолжи со спроведување на реформската агенда, стои во соопштението од средбата.

Во дискусијата се вклучија и членовите на Комисијата – Иванка Василевска и Реџеп Исмаил, како и заменик-членката и потпретседателка на Собранието, Весна Бендевска.

Василевска ги истакна заложбите за откочување на процесот со билатералното прашање и вербата дека копенхашките критериуми ќе бидат приоритетни за интеграцијата на Западен Балкан, зашто вакви преседани со билатерални спорови ќе се рефлектираат и во иднина кај други земји аспиранти за ЕУ.

Бендевска потсети на тоа дека земјата е рекордер во чекалната на ЕУ и следствено на тоа е алармантната разочараност на граѓаните и државата. Го спомена Францускиот предлог од 2022 година кој не беше поддржан од граѓаните и постоењето несиметричен притисок само кон нашата земја во билатералниот спор со Бугарија. Иако сме мала земја, рече Бендевска, сепак имаме долга историја и местото ни е во ЕУ. Апсурдно е што се наоѓаме во еден билатерален спор кој се покажува како поголем од исполнувањето на копенхашките критериуми.

Пратеникот Реџеп Исмаил го искажа ставот дека волјата на ЕУ да ги прифати земјите од Регионот, се покажува како геостратешка потреба за Западен Балкан. „Јавноста во земјава нема јасна слика за бенефитите од ЕУ и сомнежот кај народот расте“, рече тој.

На крајот од средбата, амбасадорот изрази свесност за евроскрептицизмот и револтот од долгото чекање пред вратите на ЕУ, но нагласи дека треба да се гледаат огромните бенефити од членството во европското семејство. Нашата земја ја смета за пример во Регионот и Европа како мултитничка демократија, и како таква треба да се вклучи во обединувањето на европското семејство со Западен Балкан.