Почина Мито Марковски, поранешен Генерален директор на „Електростопанство“

 

Почина Мито Марковски поранешен Генерален директор на „Електростопанство“.Тој почина синоќа, на 87 години.Марковски ја извршуваше функцијата во два мандата во текот на ’80-тите години на минатиот век, и под негово раководство е изграден Блок 2 на РЕК Битола.

Во својата работна кариера извршуваше значајни државнички функции и како истакнат стопанственик активно беше вклучен во многу стопански активности. Беше заменик-претседател на Стопанската комора на Македонија и заменик-министер за енергетика и економија.

Посмртните останки на Мито Марковски ќе бидат изложени утре, од 12.00ч до 13.00ч во Капелата на градските гробишта Бутел во Скопје.