„Последиците од војната и илегалната миграција особено ги погодуваат Унгарија и Србија“

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска по средбата во Будимпешта со шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека два сериозни безбедносни предизвици со кои се соочува ЕУ истовремено ги засегаат Србија и Унгарија, а тоа се последиците од војната во Украина и илегалната миграција.

Сијарто рече дека Србија и Унгарија ги чувствуваат навистина тешките последици од војната во нашето соседство, но и дека се изложени на голем притисок од илегалната миграција.

Последиците од војната и миграцијата се појавуваат во нашите земји во исто време и двете страни се заинтересирани што поскоро да се донесе мир во Украина. Продолжувањето на војната или нејзината ескалација значи многу сериозна опасност за нашите две земји и народи, бидејќи ние не сме одговорни за таа војна, но нејзината ескалација значи многу сериозна опасност“, рече Сијарто.