Поранешна манекенка: Модна агенција ме однесе кај Епстајн, ме силуваше со години

Жена која била силувана од Џефри Епстајн тврди дека претседателот на модната агенција што ја застапувала ја изложил на опасност кога ја испратил на две фотосесии во домот на осудениот сексуален престапник на Флорида.

Жена која била силувана од Џефри Епстајн тврди дека претседателот на модната агенција што ја застапувала ја изложил на опасност кога ја испратил на две фотосесии во домот на осудениот сексуален престапник на Флорида.

Во 2009 година, Епстајн издржувал затворска казна за сексуални злосторства врз малолетничка, но му било дозволено секојдневно да работи од својот дом.

„Задачата на мојата агенција беше да ме заштити, но тие потфрлија. Всушност, тие ме изложија на опасност. Затоа треба да сносат одговорност“, изјавила таа за Би-Би-Си.

Роза имала 18 години кога американската подружница на „MC2 Model Management“ првпат ја испратила во домот на Епстајн во Палм Бич.

Таа пристигнала во САД од Узбекистан само еден месец претходно. Тогашниот претседател на американскиот огранок на „MC2“, Џеф Фулер, денес раководи со друга модна агенција во САД – „The Source Models“.

„Мојата агенција точно знаеше каде се наоѓам. Џеф точно знаеше каде одам“, вели Роза.

Таа приложи извештај за трошоци од кој се гледа дека токму Фулер ѝ го резервирал повратниот лет од Палм Бич по втората фотосесија кај Епстајн. Фулер претходно тврдеше дека не знаел оти Роза оди во куќата на Епстајн.

Роза објаснува дека тие снимки довеле до нејзино вработување како асистентка на Епстајн. Други жртви опишаа како финансиерот го користел регрутирањето на женски асистентки како разработена измама, што му овозможувало да продолжи со злоставувањето на млади жени.

Роза наведува дека, по тоа, Епстајн систематски ја силувал. Фулер не одговори на прашањата на Би-Би-Си (BBC) во врска со овие обвинувања, а претходно изјави дека не знаел оти Роза била злоставувана. Документите поврзани со Епстајн, објавени од Министерството за правда на САД, откриваат дека десет манекенки од агенцијата „MC2“ се сретнале или комуницирале со Епстајн по неговата осуда.

Документите исто така покажуваат дека Епстајн ѝ дал 1 милион долари на агенцијата „MC2“ во 2005 година, иако две години подоцна сопствениците на агенцијата тврдеа пред американските медиуми дека тој немал никаква врска со нивната компанија.

Сведочењето, исто така, отвора прашања за улогата на уште две лица активни во модната индустрија, за кои, според евиденцијата на Министерството за правда, се знае дека биле блиски со Епстајн.

Станува збор за поранешниот агент Ремзи Елкхоли и директорката на агенцијата, Фејт Кејтс. Изјавата на Министерството за правда од минатата година, дека не се пронајдени докази за понатамошна истрага против „трети лица против кои не е покренато обвинение“, сега ја оспорува сенаторот од државата Њујорк, Зелнор Мајри.

Тој предложи нов закон за трговија со луѓе за целите на сексуална експлоатација, со цел да ѝ се дадат поголеми овластувања на полицијата за истражување на оние што му помагале на Епстајн.

Сара Зиф, основачка на организацијата „Model Alliance“ (Алијанса на манекенки), која се залага за подобра заштита на манекенките, го поддржува овој предлог.

„Модните агенции често се дел од проблемот. Тие се врската помеѓу манекенките и предаторите“, изјави таа.