Поранешен ученик влегол вооружен во училиштето и пукал кон учителот Н.О., во глава.
Според информациите потврдени за Klix.ba, наставник во училиште во Лукавац бил застрелан од поранешен ученик. Како што се дознава, станува збор за ученикот Г.М.(2008), кој поради лошо однесување бил префрлен од едно во друго основно училиште.
Утрово ученикот вооружен дошол во училиште и го барал вработениот Н.О., кому му пукал во глава. Го ранил во пределот на вратот, а ранетиот е во тешка состојба.
Застреланиот учител во училиштето е префрлен во Клиничкиот центар во Тузла, операцијата е во тек. Повеќе детали за неговата здравствена состојба ќе бидат познати во текот на денот. Полицијата веднаш го уапсила ученикот кој пукал, а кај него бил пронајден и пиштол.
Како што дознава порталот „Аваз“, во основното училиште „Лукавац Град“ бил застрелан синот на Исмет Османовиќ, поранешен пратеник на СДА во Собранието на ФБиХ.
Станува збор за Недим Османовиќ. Тој е внук на потпретседателот на СДА Фадил Османовиќ, висок функционер на СДА. Потсетуваме дека децата не се повредени, а пукањето се случило утрово околу осум часот.