Поранешен припадник на ОВК уапсен во Македонија – по распитот е пуштен на слобода

Фадиљ Пушкољи, поранешен припадник на ОВК, синоќа е приведен во Македонија, а по распитот од полицијата е пуштен на слобода.

Фадиљ Пушкољи, поранешен припадник на ОВК, синоќа е приведен во Македонија, а по распитот од полицијата е пуштен на слобода.

Танјуг првично објави дека Пушкољи е уапсен врз основа на српска потерница, додека порталот „Коха“ објави дека приведувањето се случило при преминување од Косово во Македонија.

Пушкољи на Фејсбук напиша дека бил приведен „поради неговото членство во ОВК“ и побара помош од косовските власти.

Подоцна тој објави дека по разговорот и испрашувањето бил ослободен. И се заблагодари на македонската полиција за односот кон него, посебно истакнувајќи ги полицајците Албанци.

„Сакам да ѝ се заблагодарам на полицијата на Северна Македонија, особено на полицајците Албанци, за коректноста, почитта и доброто однесување во текот на целата постапка“, напиша Пушкољи.