Поради огномет дете остана без дланката

На десетгодишно дете синоќа му била ампутирана раката во Подгорица поради повреди предизвикани од пиротехнички средства, изјави лекар во Заводот за итна медицинска помош. Докторот за порталот на РТЦГ изјави дека и братот на детето се здобил со тешка повреда на раката.

„Имавме трауматска ампутација на дете од пиротехнички средства“, изјави доктор Бечиќ кој објасни дека се работи за 10-годишно момче и дека повредата била предизвикана од огномет.

„Станува збор за повреда на раката со голема траума на петтиот прст. Тој е упатен на натамошно лекување во Институтот за детски болести“, изјави Бечиќ.

Тој најави дека за време на празниците имало неколку полесни повреди.

„Можеме да кажеме дека имавме исто толку работа како и претходните години. Направивме околу 1.500 прегледи и околу 300-400 домашни посети“, рече Бечиќ.