Пожар во Светски трговски центар во Хонгконг – 300 луѓе заробени на покривот

Четири лица се повредени во пожарот кој избувнал во Светскиот трговски центар во Хонгконг. Околу 300 луѓе се заробени на покривот на 38-катна зграда, во фреквентниот трговски кварт во „Козвеј Беј“.

Медиумите јавуваат дека локалните власти го класифицирале пожарот како трето ниво на скалата од 1 до 5.

Весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“ пишува дека купувачите и гостите на ресторанот се меѓу оние кои сè уште се заробени во зградата, која функционира како комплекс на трговски центар и деловен, канцелариски простор.