Повеќе од 400 уапсени во Бразил поради упад во владини институции

Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораес, одлучи да го суспендира гувернерот на Бразил, Ибанез Роча, на 90 дена, наведувајќи ги безбедносните пропусти што им овозможија на приврзаниците на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро да упаднат во зградите на федералната влада на Бразил.

Пред одлуката за суспензија, гувернерот Роча рече дека најмалку 400 луѓе биле уапсени по рациите на клучните владини згради во Бразилија, велејќи дека одговорните „ќе платат за извршените злосторства“, објави Си-Ен-Ен.

Судијата Мораес, исто така, нареди во рок од 24 часа да се распуштат камповите што ги поставија поддржувачите на Болсонаро пред воените бази, како и да се деблокираат патиштата и да се ослободат бразилските владини објекти, се вели во извештајот на „Ројтерс“.

Де Мораес нареди и да се блокира пропагандата на пучистите на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и ТикТок.

Претседателот Лула беше на претседателската позиција од 2003 до 2011 година, а минатата година во октомври, во вториот круг од изборите го победи својот противник, десничарскиот и актуелен претседател Жаир Болсонаро со околу еден процент гласови.

Според официјалните резултати, Лула освоил 50,9 отсто од гласовите, а Болсонаро 49,15.