Петков пред бугарското Собрание ќе ги каже резултатите од контактите со официјално Скопје

Кирил Петков – премиерот на Бугарија ќе реферира пред пратениците во бугарското Народно собрание за резултатите од неговата посета на Скопје минатата недела, како и од средба на владите на двете земји што се одржа во Софија.

Ова е на барање на најголемата опозициска партија – ГЕРБ, на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.

Петков и Ковачевски по заедничката седница на двете влади во Софија оценија дека атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност што преовладува на досегашните средби, водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес на Северна Македонија и Бугарија. Порачаа дека добрососедството ќе биде на пиедестал и ќе се посветат на работи што беа заборавени последните години.