Пендаровски: Се обидувам да разберам зошто настаните од минатото толку влијаат денес

Стево Пендаровски – македонскиот претседател во интервју за „Euronews“ вели дека сè уште се бори да најде оправдување зошто настаните што се случиле во далечното минато имаат толку влијание врз судбината на неговите граѓани денес.

„Не можам да му објаснам на просечен македонски гласач или граѓанин колку е важно да влеземе во ЕУ – организација основана во 1957 година, во 20-иот век – каква етничка припадност бил Гоце Делчев или некој друг херој-основоположник, како цар Самуил пред десет века“ – вели Пендаровски.

Македонскиот претседател посочува дека сè уште верува дека новоизбраните премиери Петков и Ковачевски можат да го решат ќор-сокакот, како „млади луѓе кои доаѓаат надвор од политичкиот мејнстрим [кои] зборуваат различен јазик“.

„Можам да ви кажам дека падот во Северна Македонија е поголем од каде било во која било друга земја од Западен Балкан, рече Пендаровски. Ако ги погледнете анкетите, има пад од 20 или 25 отсто откако го спроведовме референдумот за промена на името“ – рече Пендаровски.

Тој потсетува дека Северна Македонија веќе прескокна значителни пречки за да ја покаже својата посветеност за пристапување во Унијата со решавањето на спорот со Грција за името (Преспанскиот договор), за потоа да се јави прашањето со Бугарија.