Атентатот на Вучиќ се подготвувал за првата половина на февруари

Александар Вулин – министерот за внатрешни работи на Србија изјави дека претседателот Вучиќ бил политичка цел на водачот на црногорскиот кавачки клан – Радоје Звицер и дека Европол ја предупредил Србија дека атентатот е подготвен за првата половина на овој месец.

„Александар Вучиќ не е човек кој се занимава со криминал за да учествува во мафијашки судири, туку исклучиво се занимава со политика“ рече Вулин.

По коментарот на претседателот на Црна Гора – Мило Ѓукановиќ, во која тој отфрли дека има некаква врска со наводите за убиството на Вучиќ, Вулин рече дека Ѓукановиќ никогаш не бил спомнат во тој контекст.

„Во Црна Гора, која има нешто помалку гласачи од Нов Белград, никој не забележа дека се формирани двата најмоќни европски клана – Кавачкиот и Шкаљарскиот. Тоа не го забележаа ниту агенцијата за безбедност, ниту полицијата, ниту политиката. Звицер не би постоел да немаше политички шеф“ рече Вулин.