Остра порака на ЕУ: Величењето на воените злосторници и негирањето на геноцидот немаат место ниту во Унијата ниту кај кандидатите за членство
Секое глорификација на воените злосторници, негирање на геноцидот и ревизионизам е во спротивност со најосновните европски вредности и нема место за нив ниту во Европската унија ниту во земјите кои се кандидати за членство во тој блок, изјави денес портпаролот на Европската комисија, Кристијан Виганд, по повод смртта на хашкиот затвореник Ратко Младиќ.

Во писмена изјава, објавена на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Виганд посочи дека Младиќ бил осуден воен злосторник кој извршил воени злосторства, геноцид и злосторства против човештвото.
„Тој почина додека отслужуваше доживотна казна затвор за злосторства против човештвото и геноцид во Сребреница. Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија го осуди на доживотен затвор во 2017 година, опишувајќи ги неговите злосторства како едни од најгрозоморните злосторства познати на човештвото“, рече главниот портпарол на Европската комисија за надворешна и безбедносна политика.
Виганд оцени дека вооружените конфликти на Западен Балкан во 1990-те беа меѓу најмрачните моменти во поновата историја на Европа и посочи дека помирувањето и добрососедските односи во тој регион „остануваат од клучно значење за градење заедничка иднина“.
„Изразуваме солидарност со сите жртви, преживеани и нивните семејства кои страдаа од воени злосторства во земјите од поранешна Југославија. ЕУ е партнер на сите земји од Западен Балкан за да ги поддржи нивните напори за промовирање на помирувањето и регионалната стабилност, како и за наоѓање и спроведување конечни и инклузивни решенија за регионалните и билатералните спорови и прашања вкоренети во наследството од минатото, во согласност со меѓународното право“, додаде тој.