Олаф Шолц доаѓа и во Скопје?

Канцеларот на Германија – Олаф Шолц ќе ја посети Србија на 10. јуни годинава, велат германски извори, пренесува „Дојче Веле“.

„Се стремиме кон тој датум, посетата допрва треба да се координира со другите земји од регионот“ – велат изворите.

Сепак Шолц, покрај Белград, се очекува да ја посети и Приштина, а доброупатени извори велат дека патувањето има тенденција да прерасне во мала балканска турнеја со посети на Тирана и Скопје, можеби и Сараево.

Целта на Берлинскиот процес е поблиско поврзување на регионот на Западен Балкан, преку слободен проток на луѓе, стоки, капитал и услуги.

„Покрај обидот да го вклучи Белград во санкциите против Русија, Шолц ќе се обиде да понуди нешто и на Албанија и Северна Македонија, велат упатените, пишува ДВ, според кои се очекува францускиот претседател Емануел Макрон дополнително да го блокира почетокот на преговорите на ЕУ со Скопје и Тирана. Затоа самитот ЕУ-Западен Балкан под француско претседателство во јуни ќе се одржи во Брисел, а не во Париз“ велат упатени извори за „ДВ“.