Од Македонец Бугарин не бидува, порака на Максим Димитриевски до Џамбаски и Костадинов

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски по изјавите на Бугарите Џамбаски и Костадинов, со уникатна реакција упати порака до нив, до нивните истомисленици, но и до власта:

„По повод вчерашните олигофренски изјави на двајцата европратеници (имињата не им ги помнам) од БНД, соседна Бугарија сакам да ги поздравам нив двајцата, а и останатите нивни истомисленици со една песна од прекрасна Тракија.

– Веројатно еден ден ќе разберете дека Македонија била е и ќе биде македонска, а од Македонец Бугарин не биднува, ниту Србин, а најмалку пак Грк.

Во Бугарија се среќаваме и дружиме со луѓе кои се искрени наши пријатели, ја почитуваат Македонија во целост и нејзината посебност и не се оптеретени со шовинистички ставови на поединци кои немаат сила во бугарското општество да освојат гласови ниту за едно пратеничко место во Парламентот.

– Една порака и до власта, „Вашиот молк е повеќе и од срам” во било која демократска држава за вакви навреди се одговара за уривање на уставниот поредок и поттикнување на национална нетрпеливост, не ни очекувам повеќе од вас, поради тоа набргу ќе бидете сменети.

– Слава и на Македонката Бунева!“ – истакна Димитриевски.