Нова ескалација меѓу САД и Иран – се закануваат со нови напади

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) соопшти дека ќе одговори „брзо и решително“ на најновите американски напади врз Иран, јави иранската државна телевизија.

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) соопшти дека ќе одговори „брзо и решително“ на најновите американски напади врз Иран, јави иранската државна телевизија.

ИРЦГ соопшти дека го одби американскиот напад врз островот Сирик, кој се наоѓа на брегот на Ормуската Теснина.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, по американските напади извршени по иранскиот напад врз трговски брод, изјави дека „на насилството ќе се одговори со насилство“.

„Доколку имаат несогласувања околу начинот на кој се спроведува меморандумот за разбирање, можат едноставно да се јават по телефон“, напиша Венс на социјалната мрежа Икс.