
Советот на Општина Охрид на денешната дваесет и втора седница ја прифати оставката на советникот Нефи Усеини.
Претседателот на Советот Сашо Донев посочи дека Усеини поднел неотповиклива оставка од лични причини.
Денеска на седница на Совет беше констатирана неотповикливата оставка на советникот Усеини, истакна Донев.
Советот чека официјален допис од Општинската изборна комисија кој ќе дојде на местото на Усеини.
Инаку, ДУИ на локалните избори 2021 во Охрид освои две советнички места. Како советници во овој состав беа избрани Нефи Усеини кој ја предводеше советничката листа и Бесник Османи.