Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва ги повика борците на Хамас да го положат оружјето без одлагање, велејќи дека во последните денови забележале бројни предавања кои го најавуваат „почетокот на крајот“ на палестинското исламистичко движење.
„Тие го положија оружјето и им се предадоа на нашите херојски војници. Ќе биде потребно време. Војната продолжува, но ова е почеток на крајот за Хамас“, рече Нетанјаху.
Тој додаде:
„Им велам на терористите на Хамас – ова е крајот. Предај се сега“.
Палестинското движење Хамас претходно денеска предупреди дека ниту еден од заложниците киднапирани за време на нападот на 7 октомври и кои се уште се држат во Појасот Газа нема да замине „жив“ без преговори и „без одговори на нивните барања“.
Во меѓувреме, Министерството за здравство на Хамас објави нов биланс на загинати – 17.997 загинати во Газа.