
Најмалку 16 загинати во експлозија во турска челичарница
Најмалку 16 лица денеска загинаа во експлозија во фабрика за железо и челик во турскиот пристаништен град Алиага, соопшти претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Најмалку 16 лица денеска загинаа во експлозија во фабрика за железо и челик во турскиот пристаништен град Алиага, соопшти претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Уште 13 работници се повредени, од кои двајца потешко, рече Ердоган во Анкара. Тој додаде дека е покрената истрага.
Спасувачките екипи го поминаа денот барајќи луѓе заглавени под урнатините. Не е јасно дали се верува дека сè уште има затрупани лица, пренесе ДПА.
Експлозијата се случила доцна претпладнето кога кран се откачил и паднаа во индустриска печка за време на операции на леење, според канцеларијата на гувернерот на Измир.
Градоначалникот на Измир, Џемил Тугај, напиша на X дека целосниот број на загинати и повредени ќе стане јасен дури откако ќе се исчистат урнатините.
Алиага е еден од главните индустриски центри во Турција, со капацитети за рециклирање бродови, рафинерија за нафта, хемиски фабрики и челичарници.