Наставата од 1. февруари продолжува со физичко присуство

Наставата во основното и средното образование ќе продолжи со физичко присуство на учениците на 1. февруари, одлучи Владата на денешната 7-ма редовна седница.

„Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство“ – соопшти владината прес-служба.