МНР на Грција со апел да не се патува во Украина
Грчкото МНР ги повика граѓаните да не патуваат на територијата на Украина, а истовремено им препорача на грчките граѓани кои се таму, веднаш да ја напуштат земјата.
Од Министерството ги повикуваат Грците кои сè уште се во Украина да ги достават до амбасадата во Киев нивните податоци за контакт.
Шефот на грчката дипломатија утрово одржал состанок на кој присуствувале министерот за одбрана, министерката за образование и религија.