Мицкоски ќе вади народ на улица за членови на Судски совет да поднесат оставка

Премиерот Христијан Мицкоски најави протести доколку не си поднесат оставки членовите на Судскиот совет за кои беше изгласана недоверба во Собранието. Тие протести, како што рече, ќе ги предводи лично тој.

„Ќе им се случи народ, народ ќе им се случи, ќе излезе народ на улица и ќе протестира. Народот е гладен и жеден за правда, такви се законите ние не можеме сега друг тип на закони да цртаме или да пишуваме, тоа е за жал така е. Затоа тие истите имаат таква доверба, замислете вие кај граѓаните доверба под 2%, 3%, 5% или 8%, ве разрешуваат и вие не си заминувате, водите инает, па ќе им се случи народ. Нема играње со такви работи, прв ќе бидам кој ќе го води народот, прв ќе бидам, ви ветувам дека тоа ќе се случи и после тоа да нема вака било, така било“, нагласи вечерва Мицкоски во интервју на Канал 5.