
Мицкоски за „Алта банка“: Нема да се реализираат црните сценарија на СДСМ, ќе ја спасиме банката и таа ќе продолжи да функционира
Од опозицијата ќе бидат разочарани бидејќи нивните црни сценарија и обиди „Алта банка“ да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат, односно ќе имаме финансиска институција, банка којашто ќе биде сопственик на „Алта банка“. СДСМ имаат амбиција испреплетена со црни сценарија, а ние имаме амбиција да ја спасиме банката и таа да продолжи да функционира - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Охрид.
Од опозицијата ќе бидат разочарани бидејќи нивните црни сценарија и обиди Алта банка да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат, односно ќе имаме финансиска институција, банка што ќе биде сопственик на Алта банка. СДСМ има амбиција испреплетена со црни сценарија, а ние имаме амбиција да ја спасиме банката и таа да продолжи да функционира – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Охрид.
– Ќе ја спасиме банката. Тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето што се во, би рекол, некаква релација со Алта банката, а тоа е лоша вест за нашата опозиција, која се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира и ќе отиде во стечај и така натаму. Тоа е првата порака што уште еднаш сакам да ја кажам – рече премиерот.
Мицкоски исто така истакна оти се согласува Обвинителството да отвори случај, да поведе истрага, по што ќе се види што ќе каже таа истрага.
– Второ, ние како Влада, секој оној што ги исполнува сите законски услови, што ги исполнува правилата на работа, а впрочем истиот тој Мацура претходно стекнал право да работи и на територијата на Австрија, бидејќи австрискиот регулатор му дозволил да стане сопственик на дел од акциите во Адико банка, исто така истиот тој Мацура да влезе, би рекол, во трговски и деловни односи со Рајфајзен банка, една од поголемите финансиски институции во регионот, само покажува дека дека она што го зборува опозицијата претставува политичка естрада и фолклор и јас ќе го третирам само во таа категорија дека е политичка естрада и фолклор – потенцира Мицкоски.
Тој додаде дека тука сопственикот ги исполнил сите услови, ги испочитувал сите критериуми и стекнал право да работи на македонскиот пазар.
– Ние не можеме како Влада да избираме кој ќе работи или кој нема да работи. Ако од опозицискиот СДСМ во минатото правеле кој може да работи и како да работи, ако само неколку фирми што биле блиски до нив и до семејството тогашно, знаете кој можел да работи, ние тоа не го правиме бидејќи секој оној што работи на една слободна, пазарна, демократска и, би рекол, трговска основа може да работи тука.
Замислете, додаде Мицкоски, ако на тој начин размислуваат сега кај нашиот северен сосед, да речеме на одредени македонски компании по правило на реципроцитет да им биде забрането да работат, на пример, како што наведе „Алкалоид“, да не продава лекови во Србија, АС-ПАК да не продава мрежи во Србија, „Витаминка“ да не продава кондиторски производи во Србија, „Стокомак“ да не продава и да не формира свои синџири таму на продажби и така натаму.
– Ако ние влеземе во вакви односи на билатерална основа, тогаш мислам дека лошо ѝ се пишува и на економијата, но, генерално, и на политичките односи во една држава. Така што, оваа естрада и фолклор што доаѓа од опозицијата јас го класифицирам во таа група, тоа е политичко мочуриште, но она што е поважно е дека тие ќе бидат разочарани и нема оваа банка да заврши со црно сценарио што тие од петни жили посакуваат да се случи. Затоа рековме уште на самиот почеток од овој случај, тоа е увезен случај и ние и опозицијата имаме различна амбиција. Тие имаат амбиција којашто е испреплетена со црни сценарија, а ние имаме амбиција да ја спасиме банката и банката да продолжи да функционира и во тоа верувајте еве на крајот од овој процес ќе видите дека ќе успееме – нагласи Мицкоски.
Во одговор на новинарско прашање кога ќе се официјализира купувањето на банката, тој рече дека очекува кон крајот на месецот, почетокот на идниот месец да биде закажана аукцијата.
-Поминаа оние три дена со коишто се информираше регулаторот во Србија, течат оние 10 дена во коишто тие треба да дадат право Народната банка преку аукција да ги оттуѓи акци акциите. Потоа следат пет дена на лиценцирање на потенцијални понудувачи и очекувам кон крајот на месецот, почетокот на идниот месец да биде закажана аукцијата – истакна Мицкоски во изјава за медиуми по отворањето на новиот производен капацитет на компанијата АСП – ПАК ДООЕЛ во Охрид.