Христијан Мицкоски – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во статус на Фејсбук му порача на премиерот Ковачевски дека државните интереси и животот на граѓаните не може да се стават во ексел табела.
„Да можеше водење на држава да се стави во ексел табела, ќе беше лесно за секој да води држава. Човекот треба да знае дека водењето на државата не е исто со неговата наследена ексел табела добиена за партијата. Државните интереси не може да се стават во ексел табела, ниту пак животот на граѓаните“ – напиша Мицкоски.
Според него, земјава е меѓу најкорупираните во Европа, а буџетскиот дефицит од околу 7.255.000.000 денари.
„Овој пат да пробаме без ексел табели, туку со работа за она што е важно за народот, заштита на интересите, повеќе пари и иднина за сите“ е ставот на Мицкоски.